следете ги правилата

01

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА

Задолжителната опрема на учесникот може да се провери во почетната област пред почетокот на настанот.

Учесниците на кои им недостасува единица опрема што ја бараат организаторите за време на проверката на опремата и за време на настанот ќе бидат дисквалификувани. ПИН, лепенка и сертификат HIGHLANDER нема да се издаваат.

  • Шатор или бивак вреќа или хамок и водоотпорна церада
  • Вреќа за спиење (не е потребна ако носите бивак вреќа)
  • Подлога за спиење (не е потребна ако носите бивак вреќа со вградена подлога за спиење)
  • Факел за глава / фенерче
  • Садови за готвење и прибор за јадење
  • Пренослив шпорет (гас / бензин / алкохол)
  • Вода 2-4L
  • Хидратационен меур или шишиња со вода со минимален вкупен волумен од 4L
  • Топла облека и обувки погодни за планински терен
  • Чизми или планинарски патики (обувки)
  • Компас
  • Потрошен материјал за прва помош (завои, селотејп, лепливи завои, завои за растегнување, стерилна газа, антисептик, спреј против инсекти, лекови против болки)
  • Ќебе за преживување
  • Торба за отпадоци (обезбедена од организаторот)

02

СПОДЕЛЕНА ОПРЕМА

Дел од опремата може да се споделува во група од максимум 4 луѓе.

Сите членови на групата мораат да ја поминат целта и контролните точки со не повеќе од 30 минути разлика од првиот до последниот член.

Задолжителната опрема ќе се проверува на самиот старт, пред почетокот на настанот. Кај оние учесници кај кои ќе се забележи недостаток на дел од задолжителната опрема пред стартот и во текот на настанот, ќе бидат дисквалификувани и нема да добијат беџ и сертификат HIGHLANDER.

  • Шатор
  • Пренослив шпорет и канистер
  • Компас
  • КОМПЛЕТ за прва помош

03

КОТИЗАЦИЈАТА ВКЛУЧУВА

  • Дежурна служба за спасување
  • 3 оброци на ден
  • HIGHLANDER ID – Агенда и опис на контролните точки (со посебен дел за печати од контролните толки)
  • HIGHLANDER мапа – детална мапа и водоотпорна торба за мапата
  • Учеснички број, ознака за ранец
  • HIGHLANDER беџ
  • HIGHLANDER амблем
  • HIGHLANDER сертификат
  • Организација на едукативни и забавни активности во текот на целото времетраење на настанот
  • Поддршка на старт, цел, контролните точки и вдолж целата стаза
  • Превоз пред настанот за HIGHLANDER Пегасус Галичица од камп „Кј Дивоно“ Охрид, до стартот во село Скребатно
  • Превоз пред настанот за HIGHLANDER Орион Галичица од камп „Кј Дивоно“ Охрид, до стартот во село Елшани

04

ПРЕКРШУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА

Учесниците нема да ги добијат беџот, лепенката или HIGHLANDER сертификатот во која било од наведените околности.

Учесникот ќе биде дисквалификуван доколку:

  • Постои разлика поголема од 30 минути доцнење на контролните точки или целта помеѓу учесниците кои споделуваат задолжителна опрема
  • Учесникот не сака да ја покаже задолжителната опрема
  • Учесникот ја нема со себе пропишаната опрема
  • Учесникот остава отпадоци на планината
  • Учесникот пали оган
  • За спиење или готвење учесникот користи планинарски дом
  • Позајмува опрема од планинарските објекти
  • Престојување надвор од назначените кампови

05

ХРАНА

HIGHLANDER Галичица нуди план за вегетаријански оброци.

Веганските опции и опциите без глутен нема да бидат достапни. Има конкретно прашање во формуларот за регистрација.

Обезбедените оброци ќе се делат во мали пакувања погодни за носење во ранци. Секој учесник ќе добие три оброци дневно. Големините на оброците се соодветни за возрасни лица: зготвена храна, дехидрирана храна и готови оброци, намази, сирење, филета и леб.

Сите ние имаме уникатни навики за јадење и се чувствуваме сити со различна храна, па ако мислите дека ви треба дополнителна храна / имате специјална диета, ве молиме понесете ја со вас. Препорачуваме покрај оброците обезбедени од Организаторот да понесете грицки, суво овошје и слично.

На Гачичица нема продавници, ниту супермаркети, затоа припремете се добро.

HIGHLANDER ПЕГАСУС

Организаторот обезбедува оброци за секој учесник, кои ќе се делат на контролните точки. Оброците ќе бидат доставени на контролните точки на следниот начин:

  • СТАРТ – 1 дехидриран оброк, 1 појадок, 1 дополнителeн оброк
  • КТ 1 Велестово – 1 топол оброк (вечера), дводневен пакет (2 појадока, 2 дехидрирани оброка, 2 дополнителни оброка)
  • КТ 2 Липова Ливада – 1 топол оброк, 1 дехидриран оброк, 1 појадок, 1 дополнителeн оброк

HIGHLANDER ОРИОН

Организаторот обезбедува 3 оброци кои ќе бидат поделени на стартот. Оброците ќе бидат доставени на следниот начин:

  • СТАРТ – 1 дехидриран оброк, 1 појадок, 1 дополнителeн оброк

 

06

ВОДА

Мора да си понесете вода со себе на самиот СТАРТ (минимум 4L).

Вода за пиење ќе има на секоја контролна точка.

На контролните точки ќе биде поставена цистерна со вода, учесниците се служат сами во согласност со планинарските обичаи.

На некои локации, додека трае твојата авантура, може да наидеш на поток или извор на вода.

Планинската вода е добра за пиење, но препорачуваме да ја пропуштите низ филтер или да користите таблета.

07

ПРЕНОЌУВАЊЕ

Секој учесник сам си бира место за преноќување на планираното место.

Организаторот ќе подготви незадолжителни места за преноќување.

Забрането е палење оган за време на траење на настанот.

Спиењето е дозволено само во опремата која е составен дел од задолжителната опрема на секој учесник – шатор, бивак вреќа за спиење, нишалка (хамок).

Сместување, готвење или позајмување на опрема од планинарски домови или други установи НЕ Е ДОЗВОЛЕНО.

08

ВРЕМЕНСКИ ОГРАНИЧУВАЊА НА НАСТАНОТ

HIGHLANDER не е трка, но има временско ограничување.

Сите учесници кои ќе ги соберат печатите и ќе дојдат на целта, ќе го добијат својот беџ, лепенка и сертификат HIGHLANDER.

09

ОГАН

Палење оган е строго забрането на планината Галичица.

10

ФРЛАЊЕ ОТПАДОЦИ

На некои контролни пунктови ќе бидат вклучени корпи за отпадоци.

Загадување на животната средина, оставање отпадоци на планината, на патеките, на контролните точки и во планинарските домови најстрого се забранува и се казнува со автоматско дисквалификување на учесникот.

Учесниците може да користат тоалети на контролните точки, во планинарските домови, хостели итн.

Во случај на нужда во природа во подрачје каде што нема тоалет, човечкиот измет треба да се закопа или покрие со камења. Учесникот што ќе изврши нужда а нема да го закопа или прекрие својот измет ќе биде автоматски дисквалификуван. Ги замолуваме учесниците да вршат нужда во природа, а не во близина на кампови, станбени објекти или на планинарските патеки. Доколку учесникот го прекрши ова правило, ќе биде автоматски дисквалификуван и нема да добие значка на целта.

11

КУЧИЊА

Кучиња на настанот се дозволени под услов да бидат на поводник во текот на целиот настан. Треба вие да обезбедете храна и вода за вашето куче.

$0Нема дополнителни давачки за пријавување куче.

Кога се во зона за кампување: кучињата ќе треба да останат на поводник и мора да бидат однесени надвор од просторот за кампување за да се ослободат. Кучињата не смеат да влезат во ниеден планински објект.

Ве молиме имајте предвид дека може да биде прилично топло и доколку кучето не е прилагодено на топлина, тоа може да биде проблем. Од истата причина, проверете дали кучето е добро хидрирано - веројатно ќе треба да носите 1,5 до 2 пати повеќе количество вода за вас двајца.

Општото правило од К9 тимот за дивина при топло време е 1 литар на 1-2 часа за кучето и неговиот сопственик заедно.

12

ОТКАЖУВАЊЕ ОД HIGHLANDER

Во случај на повреда, немање можност за движење и во услови без мрежа на својот мобилен телефон, потребно е информацијата да ја пренесете на другите учесници или на контролорите за да стигнете до најблиската контролна точка, каде што организаторот веднаш ќе реагира и ќе повика помош.

Во случај кога можете да го користите вашиот телефонски уред, потребно е да се јавите на бројот за итна помош 13112, од каде што ќе ги информираат одговорните служби за брза реакција на планина.

Доколку не се работи за повреда, потребно е учесниците да стигнат до најблиската контролна точка или најблискиот пат.

Организаторот нема никаква одговорност кон учесниците кои ќе се откажат од настанот. Тие сами треба да си го организираат својот понатамошен превоз.

ОРГАНИЗАТОРОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ИЗМЕНИ НА ПРАВИЛАТА.

Hikers exercising

BECOME A PART OF
THE HIGHLANDER COMMUNITY!

Get the latest info about events, discounts, and educational content.

Read about all things encompassed in the Adventure of a Lifetime!

HIGHLANDER ADVENTURE

245 Park Avenue, New York

info@highlanderadventure.com

Terms of ServicePrivacy PolicyFAQContact

HIGHLANDER ADVENTURE

245 Park Avenue, New York

info@highlanderadventure.com