Проверете како да дојдете на настанот за да не го пропуштите почетокот, како и информации за сместување за да добиете квалитетен сон пред или по вашата HIGHLANDER авантура!
ДОАЃАЊЕ СО АВИОН
Имате три аеродроми во околина од кои може да одберете:
- Охридскиот аеродром, Северна Македонија - 6,5 км
- Аеродром Скопје, Северна Македонија - 120 км
- Аеродром Тирана, Р. Албанија, - оддалечен 133км
ДОАЃАЊЕ СО КОЛА
Пристигнувањето со автомобил би било најлесниот начин да стигнете до настанот.
Препорачуваме да го паркирате вашето возило во Камп "Кј Дивоно" Охрид, каде што ќе се изврши задолжителното пријавување на HIGHLANDER.
Доколку доаѓате со кола, поради ограничените паркинг места во кампот, ве молиме навреме да разервирате вашето паркинг место.
СМЕСТУВАЊЕ
Камп "Кј Дивоно" Охрид е отворен за сите оние што сакаат да престојуваат неколку дена пред или по незаборавната
авантура.
Охрид нуди разновидни сместувања, од хотели покрај езеро до шармантни куќи за гости, комбинирајќи ја удобноста со локалниот шарм. Уживајте во прекрасните погледи, топлото гостопримство и близината на природните и културните атракции во регионот.
ПРЕВОЗ ДО СТАРТОТ
за HIGHLANDER Пегасус и Орион
Бидејќи почетокот на Пегасус и Орион не е на истото место со пријавувањето, превоз од Камп "Кј Дивоно" Охрид до стартните точки ќе биде обезбеден од страна на организаторот.