GENERAL QUESTIONS

01

Што добивам кога ќе го завршам HIGHLANDER?

Ако успешно завршите кои и да бил формат од HIGHLANDER, ќе добиете уникатно искуство за паметење секој пат кога ќе погледнете кон небото, пријатели за цел живот, тешко заработена титула, пин, амблем и сертификат HIGHLANDER.

02

За колку време треба да се помине патеката?

Ова е планинарска авантура, не е трка. Сите формати завршуваат на 25 август 2024.

03

Дали ќе се одржи настанот во случај на лоши временски услови?

Да.

ПРИЈАВА – ЧЕК-ИН – СТАРТ

01

Како можам да се пријавам?

За да се пријавиш за учество на овој настан, потребно е да го пополниш формуларот за пријава кој се наоѓа на официјалната страна на овој настан во делот РЕГИСТРИРАЈ СЕ. Плаќањето може да се изврши само преку интернет со дебитна или кредитна картица. Капацитетот е ограничен, па немој да го изгубиш своето место и можноста да се регистрираш за оваа авантура!

Провери ги цените и што е вклучено во нив тука.

02

Како да се направи групна регистрација?

  • 3+1 значи дека група од 4 учесници е пријавена – 3 регистрации се купени и 1 регистрација е бесплатна.
  • Изберете член во вашата група што ќе купи го купи групниот пакет. Честитки, сега сте капитен на групата! За време на купувањето од вас се бара да го именувате тимот и да направите лозинка.
  • Ги споделувате името и лозинката со други 3 луѓе во вашата група, кои се регистрирани како членови на групата.
  • Членовите на групата се регистрираат со цена од 0 €, но им треба име и лозинка на тимот за да се регистрираат.
  • Максимумот во 3 + 1 е 4 лица. Може да има помалку, но не повеќе. Во случај на помалку луѓе, групата нема право на намалување на цената.

03

Откажување/пренос на учество

Најдете ги сите потребни информации тука.

04

Дали може некој друг да се регистрира во мое име?

Не, секој учесник треба лично да се јави на регистрацијата во текот на работното време што ќе биде однапред утврдено. Секој учесник мора лично да потпише изјава за ослободување од одговорност.

05

Дали постои долна возрасна граница за учество на настанот?

Учество на малолетни лица на HIGHLANDER Охридско Езеро не е дозволено.

06

Не добив потврден меил за регистрација. Каде може да се обратам?

Меил со потврда за регистрација се испраќа автоматски веднаш по уплатата на котизацијата. Провери во Инбокс или во Спам. Ако го нема таму, те молиме да нè контактираш на: ohrid.lake@highlanderadventure.com.

07

Како може да ги сменам моите лични податоци (адреса, ел. адреса...)?

Ако првпат се регистрираш на овој настан, преку платформата Active.com ќе направиш свој Active профил. Со овој профил ќе имаш пристап до сите регистрирани настани и ќе можеш да ги менуваш своите лични податоци.

  • Регистрирај се на: https://myevents.active.com.
  • Прегледај ја листата со сите регистрирани настани и избери го твојот настан на кој сакаш да учествуваш.
  • Одбери ја опцијата за промена на твоите податоци – „Edit Registration Information“.
  • Направи ги промените.
  • Зачувај ги промените.

Доколку е потребно да направиш промена на други податоци (на пр., на ел. адреса), те молиме да нè контактираш на ohrid.lake@highlanderadventure.com.

08

Која е процедурата за Чек-ин?

Сите учесници треба да се регистрираат лично на настанот пред стартот за да го преземат својот стартен пакет и за да потпишат потврда за ослободување од одговорност.

Стартниот пакет не го праќаме по пошта.

Секој учесник ќе прими е-меил со детални информации, една недела пред почетокот на настанот. 

 

09

Дали ќе биде обезбеден превоз до стартот?

Да. Учесниците ќе бидат превезени до стартот со автобус во три групи. На стартот може да се дојде и во сопствена режија.

10

По овој настан, имам организиран престој во Македонија. Дали HIGHLANDER ќе обезбеди превоз до мојата следна дестинација?

Не. Организаторот ќе обезбеди превоз само до стартот. Секој друг превоз е твоја одговорност.

ШТО ДА СЕ ДОНЕСЕ

01

Каква храна е обезбедена?

Тоа зависи лично од тебе и од твоите потреби. Секоја личност има различен праг на ситост, на некого му е потребно повеќе храна, а некому помалку за да ја има потребната енергија во текот на денот. Организаторот обезбедува вкупно 15 оброци за секој учесник. Храната ќе биде достапна на контролните точки.

02

Дали со себе може да го земам моето куче?

Се разбира!! Ако се одлучиш твоето куче да дојде на настанот, треба да биде на поводник цело време. Кучињата се дозволени во автобусите кои ќе ги превезуваат учесниците.

03

Дали со себе може да земам дрон?

Дронови не се дозволени.

04

Каков тип на облека треба да спакувам?

Утринските температури на Јабланица во август се под 8°C, а во текот на денот може да достигнат и до 25°C. Потребно е да бидеш подготвен за сите временски услови: дожд, магла, јак ветер и сончево време.

МАРШУТА

01

Никогаш не сум планинарел, а се чувствувам физички спремен за овој настан. Дали може да се пријавам?

Секако! HIGHLANDER не е само за професионални планинари, туку и за љубители на природата кои се желни за нејзино истражување и за активности на отворено. Настанот е сигурен и не е тежок, но секако е потребно минимално планинарско искуство за да се издржи напорот на кој ќе бидат изложени учесниците. Искуство може да се постигне со адекватна подготовка во месеците пред самиот настан.   

02

Како може најдобро да се подготвам за HIGHLANDER Охридско Езеро?

Секој учесник треба да помине физичка подготовка за да совлада 100 км пешачење без дополнителни компликации. Препорачуваме секој учесник да помине 100 до 200 км во месеците пред самиот настан, за да биде подготвен за теренот што ве очекува.  Најважната работа е секој учесник да се навикне да носи тежок ранец (почнете со тежина од 5 до 7 кг, па потоа постепено совладајте носење ранец со тежина од 15 до 17 кг.) Водете сметка вашите чевли да бидат добро разгазени пред почетокот на настанот.

Најдете повеќе информации за тоа како да се подготвите овде

03

Дали на Јабланица има мрежа за користење на мобилни телефони?

Во принцип да, но секако дека постојат и области каде што нема добра мрежа. 

04

Колку е тешко да ја следиш патеката?

Не е секоја патека на Јабланица добро означена. Најважно од сè е да се придржуваш до маркациите на HIGHLANDER и постоечките патеки. Најблиски села до патеката се Јабланица, Вевчани, Горна Белица, Вишни и Радожда, а контролните точки се раздалечени 18 - 25 км. Важно е цело време во рака да ја имаш мапата и да ги следиш патоказите за да се движиш во вистинска насока за сигурно да стигнеш на посакуваната дестинација.

05

Дали морам да застанам на секоја контролна точка?

На патеката има задолжителни контролни точки. По доаѓање на секоја контролна точка задолжително е ставање печат во твојата HIGHLANDER ID. Контролните точки имаат свое работно време. Надвор од работното време на контролните точки, учесникот сам си става печат во својата HIGHLANDER ID.

06

Дали поставувањето на шаторот мора да биде во близина на контролната точка?

Не. Сам одлучуваш каде сакаш да го поставиш својот шатор, но во склоп на просторот организиран од организаторот.

07

Дали во текот на настанот ќе бидат одредени посебни места за преноќување?

Да. Местата за преноќување ќе бидат одредени во согласност со условите кои ги дефинира Законот за заштита на природа и плановите за управување на заштитените подрачја.

08

Дали може да се спие во планинарски домови или други објекти?

Не, се спие исклучиво во шатори и вреќи за спиење, кои се дел од задолжителната опрема на секој учесник.

Спиењето во шатор е посебно искуство и е едно од најубавите дополнителни планинарски искуства на оваа авантура.  

09

Дали стапчињата за планинарење се добра идеја?

Одлична идеја!

10

Што ако имам проблем со опремата?

На секоја контролна точка ќе има лице со потребно знаење и вештини кому ќе можеш да се обратиш за проблемот и кое ќе ти помогне проблемот брзо и ефикасно да се среди.

11

Дали може да ја споделувам опремата со останатите учесници?

Да. Шатор, решо на плин/горилник, компас и опрема за прва помош е опремата што може да се споделува со другите учесници. Меѓу учесниците што споделуваат опрема мора да има помала временска разлика од 30 минути на поминување на целта и на контролните точки.

КОНТАКТ

01

Како може да стапам во контакт со организаторот?

Може да нè контактираш на нашата ел. адреса ohrid.lake@highlanderadventure.com.

Hikers exercising

BECOME A PART OF
THE HIGHLANDER COMMUNITY!

Get the latest info about events, discounts, and educational content.

Read about all things encompassed in the Adventure of a Lifetime!

HIGHLANDER ADVENTURE

245 Park Avenue, New York, NY

info@highlanderadventure.com

Terms of ServicePrivacy PolicyFAQContact

HIGHLANDER ADVENTURE

245 Park Avenue, New York

info@highlanderadventure.com